09-01-2021 | 13:14 ч.

Каракачанов за бугарското радио „K2“: Бучковски следната недела доаѓа во Бугарија

Каракачанов за бугарското радио „K2“: Бучковски следната недела доаѓа во Бугарија

 

novatv.mk

 

 

 

 

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија во разговор со Илијана Беновска во неделната програма „Беновска пита" на „Радио К2", ги коментираше односите на Бугарија со Северна Македонија и посочи дека го очекува специјалниот претставник на македонската Влада за спорот со Бугарија, Владо Бучковски следната недела во Бугарија.

„Дали е вистина, дали ќе имате сила да ми кажете, дека очекувате ненајавена средба со проф. Владо Бучковски, кој беше министер за одбрана на Македонија и премиер на земјата, а од декември 2020 година е назначен за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Имате ли ваква средба?", праша водителката.

„Госпоѓо Беновска, вие работите подобро од бугарското разузнавање! Вистина е, разговаравме со господинот Бучковски, следната недела тој ќе биде во улога на главен преговарач или медијатор, ќе биде во Бугарија. Сè уште не сме го закажале состанокот, но дали ќе биде вторник или среда, некаде таму!", изјави Каракачанов, цитиран од „Блиц".

 

Беновска: Радев какво промени в България?

youtube ТВ Беновска пита-Радио К2, фейсбук страницата на предаването "Беновска пита", профила Iliana Benovska, Радио К2 и Канал 3 на 8-и август 2026 година.

08-08-2026 | 14:54 ч.

Прочети повече

Беновска: Ивелин Михайлов ще стане ПРЕЗИДЕНТ – Войник на съдбата?

youtube ТВ Беновска пита-Радио К2, фейсбук страницата на предаването "Беновска пита", профила Iliana Benovska, Радио К2 и Канал 3 на 27-и юни 2026 година.

27-06-2026 | 20:15 ч.

Прочети повече